Граѓаните поставуваат шатори пред Собранието решени да истрајат до крај (ФОТО)

Доцна вечерта во четвртокот по смирувањето на немирите пред Собранието на Република Македонија откако СДСМ и албанските партии надвор од Деловникот на сила го избраа Талат Џафери за претседател на Парламентот, граѓаните кои се противат на ваквиот начин на избор на парламентарниот спикер започнаа со поставување шатори во кои најавуваат дека ќе останат до конечната разврска.

„Граѓаните ја одбранија демократијата и законодавниот дом! Остануваме пред Собранието, до конечна разврска. Народот покажа мудрост, трезвеност, не потклекна и соодветно одговори на провокациите. Одиме до крај!“, порачуваат од граѓанската иницијатива За заедничка Македониј, којашто изминатите два месеца секојдненвно протестираше пред Собранието против прифаќањето од страна на СДСМ на ткн Тиранска платформа.

satori 02

Албанските партии во Македонија во првата седмица од јануари објавија дека ја усвоиле заедничката платформа, зад која стојат ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата за Албанците, која ќе биде основа на партиите на Албанците во преговорите за формирање на нова влада, и во која се бара албанскиот јазик да добие статус на официјален, економска рамноправност, со учество на албанските партии да се реши спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО, но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица други барања, меѓу кои и осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.

Оваа заедничка декларација дојде десетина дена по средбите во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама, и два дена по средбата во Приштина, на покана од косовскиот претседател Хашим Тачи. По овие две средби беше најавено дека челниците на ДУИ, Али Ахмети, на Преродба со БЕСА, Биљал Касани, и на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ќе излезат со заедничка платформа која ќе биде став за преговорите со големите политички блокови на Македонците, за формирање коалициска влада.

sator 01

Потоа откако преговорите меѓу дотогашните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пропаднаа, челникот на СДСМ Зоран Заев успеа да постигне договор да ги добие потписите од 18-те пратеници на споменатите албански партии за да го побара мандатот од Претседателот Ѓорге Иванов, а за возврат прифаќајќи ја нивната платформа. Иванов поради таквиот договор одби да му го даде мандатот за состав на челникот на социјалдемократите, а ВМРО-ДПМНЕ му понуди поддршка за малцинска влада, исто така, како и шефот на државата оценувајќи дека станува збор за платформа составена во туѓа држава и насочена кон унитарниот карактер на Република Македонија.

Политичката криза во земјава кулминираше во четвтокот во хаотична состојба и обид за државен удар, откако СДСМ, како и што најави, спроведе насилен и нелигитимен избор на претседател на Собранието во настојувањата да го прекине 20-то продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом. Изборот на Талат Џафери надвор од Деловникот предизвика тензии и конфликтна ситуација, во настојувањата да  Народот кој секојдневно протестира на скопските улици, недозволувајќи спроведување на Тиранската платформа и изигрување на Уставот и демократијата, влезе во македонскиот парламент.