Граѓаните повеќе да ги користат ИКТ алатките за добро владеење

икт

Ова се дел од резултатите од истражувањето во рамки на проектот АКТИОН СЕЕ Вишеград – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа на тема „Патот кон добро владеење“ презентирани денеска во Скопје. Проектот има за цел да придонесе за надминување на овие пречки, а преку здружување на граѓанските организации и институциите од регионот, како и преку истакнување на добрите практики од земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

На отворањето на конференцијата полскиот амбасадор во Македонија Јацек Мултановски посочи без одговорноста на политичките сили на владините претставници не може да се очекува функционирање на демократско општество.

Клучот и одговорот е во транспаретноста, одговорноста и одговорното однесување на сите политички субјекти. Со функционирањето на новите технологии во ерата на интернетот, фејсбукот и твитер, често сме сведоци како новите технологии се одговорни за ширење дезинформации, говор на омраза, лажни вести и како ја дискредитираат политичката одговорност, но исто така може и да ни помогне за да создаде транспаретност и политичарите да бидат одговорни, рече Мултановски.

Германската амбасадорка Кристине Д. Алтхаузер истакна дека проблемите со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан не запираат кај границите и оти важно да се бараат солуции што можат меѓународно да се искористат. Алтхаузер рече дека ситуацијата во земјите од регионот е кристилна во однос на користење на ИКТ алатки од страна на граѓаните за добро владеење.

Добрата работа на владата се мери со одговорност, политичка стабилност, недостиг на насилство, владеење на правото и исто така контрола на корупцијата, рече таа.

На конференцијата на која учествуваат претставници на невладини организации од земјите од Западен Балкан се дискутираше за добрите практики од регионот на Вишеградската група и од Балканот, како и за достапноста на податоци и истражување за доброто владеење.