Ветувањето на СДС за чист воздух е голема измама, се губат човечки животи а владата не презема ништо, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Шилегов е градоначалник повеќе од еден месец, а СДС пола година раководи со владата нема суштински мерки против загаениот воздух. Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, владата на СДС не презема никакви мерки, а Шилегов глуми градски шарлатан. Мерните станици секој ден покажуваат опасно енормна загаденост на воздухот со ПМ10 честички, а мерки против загаденоста нема, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека додека владата на СДС се луксузира и вработува партиски војници, секојдневно болниците низ државата се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања.
-Граѓаните секој ден слушаат само бајати теми, а владата на СДС која е 6 месеци на власт не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.По стапката на владата на СДС тргнаа и нивните градоначалници. Време е владата на СДС и нивните градоначалници да ги засукаат ракавите и да започнат да работат во спроведување на корисни мерки за подобрување на животот на граѓаните. СДС директно е виновен затоа што секој ден се губат човечки животи поради енормното загадување, стои во партиското соопштение.