Резултатите од анкетата на реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп, покажуваат дека населението во Македонија смета дека со ВМРО-ДПМНЕ и нејзината политичка програма има подобра иднина за Македонија.
Испитаниците од македонското гласачко тело воглавно сметаат дека со ВМРО-ДПМНЕ и нејзината политичка програма има подобра иднина за Македонија – 39,8 проценти. За СДСМ и нејзината програма се изјасниле само 17,8 проценти.
На ова прашање за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 27,4 проценти од испитаниците, а дека со програмата на СДСМ има подобра иднина за Македонија рекле 14,6 проценти од испитаниците.