Проблеми со мобилните телефони, мали кујнски апарати, изработката на мебел и покуќнина, како и туристичките патувања доминираат во поплаките на граѓаните до Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија во третиот квартал од оваа година, објави МИА.
Од ОПМ информираат дека најголем број од поплаките на потрошувачите повторно се однесуваат на проблеми во остварување на правата од гаранцијата и гарантниот лист на техничките производи. Меѓу оваа група производи, но и воопшто од сите поплаки, доминираат поплаките на потрошувачите за проблеми со мобилните телефони.
Поплаките, како што објаснуваат од Организацијата, се однесуваат на тоа што во случај кога производот има недостаток во првите 24 часа тие се приморани да го пратат на сервисирање поради тоа што трговците одбиваат