Граѓаните со најмногу поплаки за проблеми со мобините и туристичките патувања

испорака, начинот на плаќање итн.

Потрошувачите во овој квартал се жалеле и на проблеми со обувки и облека, односно неквалитетни производи кои тие ги купуваат и се оштетуваат по неколкудневно носење.

Во делот на услугите најмногу поплаки имало за туристичките патувања, иако, како што наведуваат од Организацијата, се во помал број од лани.

Од Организацијата, сепак, сметаат дека помалиот број жалби не значи дека постојат помал број проблеми кај потрошувачите, туку дека повеќето потрошувачи веќе ја знаат постапката за остварување на своите права во овие случаи и го користат правото за поднесување приговор до туристичката агенција во рок од 8 дена од денот кога се вратени од патувањето.

Најчест проблем е неисполнување на одредени делови од понудите, односно договорите на потрошувачите со туристичката агенција за одредено туристичко патување. Во тие случаи тие бараа сразмерно намалување на цената. Честа пријава од граѓаните е пристигната и за