Граѓаните тргнаа кон Владата на протест против власта (ФОТО)

Граѓани веќе тргнаа кон Владата на Република Македонија на протестот организиран против власта предводена од Зоран Заев.

Со големо македонско знаме пред себе граѓаните од саемот во град Скопје тргнаа кон владата, каде ќе го изразат своето незадоволство од работата на власта предводена од премиерот Заев.

Инаку, граѓани од скоро целата држава организирано доаѓаат кон Скопје да го изразат своето незадоволство од состојбите во државата.