Граѓаните многу повеќе му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, отколку на СДСМ. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Брима Галуп.
Анкетираните главно му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „На чиј збор и верување повеќе им верувате – на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, 32,8 проценти од испитаниците се изјасниле дека веруваат во ветувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а 15,3 отсто рекле дека повеќе веруваат на СДСМ.
И кога ќе се издвојат одговорите на испитаниците кои се Македонци, се јавува повеќе од двојна разлика, во корист на ВМРО-ДПМНЕ – 40 отсто се изјасниле за владејачката партија, а 18,4 проценти за опозиционата партија.