Граѓаните во заблуда, комарците во Скопје побучни од авионите

Портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху, вели дека градските служби реализираат активности против наездата на комарци,иако граѓаните го тврдат спротивното.

Како што вели Салиху, дел од граѓаните се во заблуда. Градот редовно прска против комарци, но новите авиони кои го спроведуваат прскањето не се толку бучни како претходните.

Деновиве гледам дека голем број од граѓаните не се соодветно информирани во врска со активностите кои ги има спроведено градот во врска со прскањето против комарци. Процедурите и користеното средство се тие истите како и до сега. Новитет ова година се авионите кои не бучат како тие претходните, и претпоставувам дека тука е и збунката зошто луѓето мислат дека не се прска, вели Салиху.

Според него до денеска спроведени се две фази од вкупно 5 или поточно вкупно 18 денови прскање.Следната (трета) фаза почнува овој викенд, а во текот на август (најдоцна почетокот на Септември) се очекува да се заврши со сите 5 фази (ако временските услови го дозволуваат тоа).