„Граѓанска влада“: Политичарите од сите партии сакаат да го сменат името на Македонија

Движењето „Граѓанска влада на Македонија“, упати предупредување до Македонскиот народ за постоење консензус меѓу „квинслишката влада на Заев-Ахмети-Села, раководството на (ВМРО) ДПМНЕ и Претседателот на Р.Македонија за итен влез во НАТО со менување  на македонското име, идентитет“.

Ви го пренесуваме интегрално нивното соопштение: 

Во Програмата на ДПМНЕ за 2017-2020 г. „Реално„ пишува: „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија“. Исправната формулација е: „…нема да прифати промена на уставното име на Република Македонија“. Јадицата е во тоа дека ќе се менува името/идентитетот/ без менување на Уставот.

Политичарите од сите партии и бои се спремаат да го излажат македонскиот народ дека „само“ ќе се менува референцата ПЈРМ при зачувување на уставното име. МЕГУТОА, ОФИЦИЈАЛНО ПРИФАТЕНОТО НОВО ИМЕ КЕ БИДЕ КОРИСТЕНО ВО ЦЕЛ СВЕТ, А УСТАВНОТО (ДОКОЛКУ СЕ ЗАЧУВА ВО ИДНИНА) КЕ БИДЕ САМО ЗА ВНАТРЕШНО КОРИСТЕЊЕ.

Оваа варијанта ке биде клучна во идните разговори на министерот за надворешни работи Димитров во Атина.

ВТОРО. Менувањето на македонското име и влезот во НАТО ќе го овозможи создавањето на „Голема Албанија“ и распарчувањето на останатиот дел од Република Македонија мегу останатите нејзини соседи. За таа цел, (а не за НАТО, како што тврди), Заев ќе бара „разбирање“ мегу Албанија, Бугарија и Грција.

ТРЕТО. Со менувањето на македонското име (идентитет) Република Македонија ќе се трансформира во географски поим ,а со влегуването во НАТО, поделбата на таа „географска зона“ станува внатрешна работа на Алијансата. Без можност за реакција од кој и да било светски фактор.

ГРАЃАНСКАТА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА СИТЕ ОДЛУКИ НА КВИНСЛИШКАТА ВЛАДА И НЕЛИГИТИМНОТО СОБРАНИЕ СЕ НИШТОЖНИ И ,,ГРОБАРИТЕ” НА МАКЕДОНИЈА КЕ СЕ СООЧАТ СО КАЗНИ ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО.