![osiromasuvanje-640x366](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/osiromasuvanje-640x366.jpg?resize=640%2C366&ssl=1)
Движењето против осиромашување е против зголемувањето на даноците, Владата на СДС не се откажува од зголемувањето на даноците и тоа значи директно осиромашување на граѓаните, ова денеска го изјавија од движењето против осиромашување.
-Оваа Влада ги блокира нашите барања, а ние ќе продолжиме со блокади, бараме прво откажување од планот за зголемување на даноците, второ бараме намалување на даноците и трошоците за придонеси од 27 на 25 проценти, трето Владата да се откаже од непродуктивните трошоци и ова се нашите граѓански барања.
Тие велат дека блокадата ќе биде денес од 15 до 17 часот тие упатуваат и апел до сите граѓани за да им се приклучат бидејќи нивните барања се рационални и разумни и се против директно осиромашување на граѓаните.