Граѓани кампуваат пред Собрание за поддршка на Владата и одбрана на демократијата

По синоќешниот досега најмасовниот народен собир пред Собранието на Македонија, на кој над 90.000 луѓе дојдоа  да изразат поддршка на премиерот Никола Груевски и на владините политики, и денеска во паркот „Жена борец“ стотина граѓани со порака дека ќе останат таму се додека не се средат состојбите во земјава.

Граѓаните кои поставија дваесетина шатори, велат дека на овој чекор се одлучиле бранејќи ја демократијата и во знак на поддршка на актуелната власт која во моментот е нападната од погубното сценарио на опозицијата.

 

Фото: Капитал