Граѓани ја блокираа Пластичарска, сообраќајот пренасочен

Група граѓани поради исклучената струја протестира на Пластичарска.

Од скопската полиција информираат дека попладневно група граѓани протестира  на булеварот Никола Карев познат како Пластичарска. Поради неплатени сметки за електрична енергија, ЕВН им ја исклучи струјата, па тие своето незадоволство го искажаа на улица.

Од СВР Скопје велат дека поради протесот сообраќајот е пренасочен. Поради блокадата, полицијата го пренасочи сообраќајот затворајќи ја улицата Крсте Мисирков кон Бит Пазар и улицата Цветан Димов пред џамијата Јаја Паша.

Полициското обезбедување е распоредено на самата Пластичарска, но и на надвозникот кај Бит Пазар.

Од полиција информираат дека околу 10.30 часот изреволтираните граѓаните спречиле паторала на ЕВН да помине по патот кој го блокирале. Но, велат од полиција, по кратко време ги пуштиле без проблеми.

Протест не е најавен во полиција.