Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование со поддршка за денешниот народен собир

Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование дава целосна поддршка на денешниот сенароден собир организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие го поддржуваат собирот за одбрана на легитимитетот на народно избраната власт во Република Македонија, како и за поддршка на развојните политики и активности кои ги презема актуелната владина структура во земјата.

-Поддршката на квалитетот во секоја сфера е идеја водилка и за нашата иницијатива, поради што ги повикуваме граѓаните масовно и достоинствено да излезат на собирот и да кажат големо „ДА“ за Република Македонија како самостојна, суверена, демократска, и економски успешна држава, стои во соопштението на граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование.