Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена е во селото Меџитлија од страна на локален земјоделец.
Како што се наведува во соопштението од МВР:
На 29.06.2020 во 10.56 часот во Полициското одделение Велушина, Б.Б.(40) од с.Меџитлија пријавил дека на влезот на гробиштата во с.Меџитлија, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана граната. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот, а од страна на пиротехничар од ДЗС била подигната артилериска граната 75 мм од Првата светска војна.