Турски тенкови вчеравечер гранатирале село во северниот дел на Сирија кое е под контрола на Курди.
Станува збор за селото Зор Магхар кое се наоѓа во провинцијата Алепо на границата со Турција.
Турската армија синоќа презеде трета серија удари од воздух врз бази на ПКК во северен Ирак. Цел на нападите бил камп на ПКК во реонот на Хакурк што се користи како логистичка база за обука, објави Милиет.
Изминативе денови како што јавуваат турски медиуми биле убиени над 50 раководни членови на таа терористичка организација, и повеќе од 100 се ранети.