„Гранд-Експорт“, нова инвестиција во Илинден

Во економската зона Марино-Кадино, на површина од 5.000 метри квадратни почна да се гради фабрика за кондиторски производи, која што на почетокот ќе овозможи отворање на нови 30 работни места, со можност за натамошно зголемување на бројот на вработени.

Новата инвестицијата на компанијата „Гранд-Експорт“, на чие поставување на камен темелник присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, треба да биде реализирана во рок од 1 година.