„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

Новото обележје на градот, „Гранд Скопје“, само оваа празнична сезона нуди единствена можност за нов дом во престижната „Grand View“ зграда. Во моменти кога најмногу размислувате за вашите најблиски и нивната сигурна иднина, обезбедувањето на удобно и квалитетно место за живеење е највредната инвестиција што можете да ја направите.

„Grand View“ нуди разновиден избор на станови со различни големини, дизајнирани да ги задоволат различните потреби и стилови на живот – од пространи семејни домови до модерни и функционални решенија за индивидуалци.

Ексклузивна зимска понуда

Почнувајќи од оние кои бараат компактен, но функционален дом, модерно дизајнираните двособни станови се достапни по атрактивна цена од 170.000 € (со вклучен ДДВ) и со поволни услови за финансирање. Со специјалната празнична цена од само 2.690 € по метар квадратен, создадете го вашиот нов дом на првокласна локација во центарот на Скопје.

Исто, во оваа ексклузивната зимска понуда можете да станете сопственик на трособен стан во „Grand View“ по промотивна цена од 222.000 € (со вклучен ДДВ). Оваа неповторлива можност за престижен животен простор е достапна со плаќање на 6 рати со 0% камата во процес на градба.

Со овие поволности, животот на река станува реалност за сите.

За сите потенцијални станари, Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална банка и Тутунска банка креираа специјални кредитни понуди со цел да овозможат лесна и брза постапка за аплицирање, индивидуален пристап за секој купувач и прилагодување на условите според потребите на апликантите.

Специјалната зимска понуда важи до 15 јануари. Донесете ја најдобрата одлука за вашето живеење и искористете ги празничните поволности за дом од соништата.

Место каде што удобноста и стилот стануваат вашиот секојдневен живот

„Живеењето во ‘Grand View’ нуди беспрекорна поврзаност со сите потреби на современото живеење што ги нуди самата локација на комплексот, панорамски погледи, живот покрај река, непосреден пристап до зелениот урбан парк инкорпориран во комплексот, како и други разновидни содржини“, велат од „Гранд Скопје“.

Од таму додаваат дека сите станови во „Grand View“ се дизајнирани со посебно внимание. Изобилуваат со просторност, удобност и модерен распоред кој овозможува природно осветлување. Целиот објект се гради според највисоките стандарди за енергетска ефикасност кои придонесуваат за заштита на животната средина, намалени трошоци и одржлив начин на живот.

Искористете ја оваа ексклузивна можност да станете дел од „Гранд Скопје“ и да создадете трајни спомени во дом кој ги исполнува сите ваши замисли за квалитетен и модерен живот.

Продажните асистенти на „Гранд Скопје“ ќе ви дадат детални информации за зимската понуда на станови во „Grand View“ директно во продажниот салон кој се наоѓа на првиот кат во ГТЦ, блиску до киното „Милениум“, секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот. Исто така, можете да го контактирате продажниот тим на „Гранд Скопје“ и на телефонските броеви 070 355 351 и 070 233 055, или на e-mail: [email protected].