
Граничните премини кон Грција „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Стар Дојран“) денеска и утре ќе бидат затворени за патнички и товарни моторни возила поради штрајк на грчките цариници.
На ГП „Евзони“ („Богородица“), пак, сообраќајот при влез и излез од Грција ќе се одвива со прекини, односно на секои два часа прекин ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-тина минути.
Македонското МВР добило извесување од грчките погранични служби дека преминувањето на границата пеш ќе биде дозволено за сите патници.