![133345039 грант](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/133345039-1.gif?resize=640%2C369&ssl=1)
-На НАТО му требаат повеќе земји внатре во организацијата, меѓу другото и да се зајакне сигурноста и безбедноста во меѓународни рамки. Не гледам причина Македонија да не стане членка на НАТО што побргу, истакна Грант.
Tој се осврна и на справувањето со мигрантската криза при што истакна дека Македонија одигра клучна улога со справувањето на овој глобален предизвик.
–Европската Унија и Британската влада многу ја почитуваат улогата која Македонија ја одигра справувајќи се со бегалците на Балканот, а кој транзитираа и доаѓаа од Турција и Грција и преку балканските држави кон северна Европа. Македонија имаше конструктивна улога и сите го препознаа тоа, посочи Грант.