-Во минатото имав пехови како против Германија, но сега излезе јас да го решам овој натпревар. Среќен сум, не затоа што јас го дадов последниот гол, туку затоа што Македонија се пласираше во следниот круг. Денес имавме повеќе среќа, војувавме 60 минути и успеавме да се пласираме во следната рунда, вели Манасков по натпреварот со Србија.
Во однос на натпреварите во следната фаза, Манасков вели дека ќе имаат време да се одморат, а со минимум една или две победи ќе може да обезбедат многу повисок пласман.