Солза Грчева на денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика каде се разгледуваат националната стратегија и акцискиот план за странци и бегалци истакна дека со лагите и измамите кои тие ги содржат луѓето ќе бидат примамени да дојдат.
„Што ќе правиме тогаш? Ќе се преплавиме со мигранти и нема да знаеме што да правиме со нив. Овие документи се препишани од некои поразвиени западни земји или од НВО, но проблемите на Германија и Македонија не се исти“, рече Грчева.
„Ова е тотално невозможна мисија. Измамничко-туристичка агенција е оваа стратегија“, оцени Грчева.