Грчева: Апсурдно е Ковачевски да вели дека е таен договорот за делници од автопати за кои немаме никакви информации, а го плаќаат граѓаните!

Овие од власта ги пробиваат сите плафони, овие нивни вакви криминогени работи се уникатни. Ваква една зделка од милијарда и триста милиони евра значи на самиот уште почеток има контроверза до контроверза, и станува збор за матна до матна зделка, рече Солза Грчева, претседател на Глас за Македонија на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Грчева наведе какви се пропусти се направени од страна ан Владата при постигнување на овој договор со Бехтел и Енка.

„Прво, заобиколен е Законот за јавни набавки, замислете за зделка од 1,3 милијарди евра, второ, се работи за делчиња од коридори, а не цели коридори, што значи ќе треба уште милијарди за да дојдеме до коридори. Дополнително ние како граѓани ги плаќаме овие проекти и треба да ни дадат низа на детали за изградбата“, посочи Грчева.

Грчева се осврна и на тајноста на договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д.

-Не може да потпишат договор на непостоечки закон, Артан груби прави прес и не одговара на прашања и упатува на надзорот. Ова значи дека на Бехтел и Енка им кажувате дека газите на правната држава. Тие поднесуваат измени на девет закони и измените се крајно контроверзни, и ем се контроверзни ем нема никаква дебата за измените на овие закони, вели Грчева.

Според Грчева, потребно е да се објават стандардите по кои ќе се работи на овие патишта, колку ленти ќе имаат, дали секаде е автопат или експресен пат кој е многу поефтин.

„И на крај еден ваков договор премиерот Ковачевски вели дека е класифициран, а го плаќаме од наши пари“, заклучи Грчева.