Грчева: Избори час поскоро зашто оваа власт води малициозни преговори за нашиот идентитет

Ќе почнам со една реченица на претседателот на Бугарија, Румен Радев, којшто рече нема да дозволиме македонизмот да се легитимира во Европа, тој негов став е преточен низ овие документи таканаречени француски предлг всушност француско-бугарски предлог, но и македонски би рекла бидејќи цело време пазете наша делегација преговараше за овој предлог во Софија. Тајно. Не да ќе го загрози нашиот идентитет, туку ќе го поништи, изјави Солза Грчева претседателка на Глас за Македонија.

Дополнително таа посочи дека однесувањето на власта не ги брани интересите на граѓаните и ја задушува дебатата со тоа што сеуште го нема доставено предлогот до пратениците.

„Пратениците треба да разговараат и дебатираат, а незнам за што ќе дебатираат кога е прекршен деловникот и ним не им се испратени дури ни овие основни документи“, Грчева.

Ги повика граѓаните да се прилучат на протестите и посочи дека на овие протести не протестира само опозицијата туку и голем дел неопределени граѓани, таа дополнително најави дека протести ќе продолжат.

„Ова што сега ни се случува ниту е прашање на Алијанса, нити на ВМРО, нити на СДСМ, туку на сите македонци во Македонија и би ги замолила и би упатила апел до СДСМ, бидејќи тие ќе гласаат и албанците ќе гласаат, да се воздржат од гласање, да не одат против своите татковци и дедовци, да не прифаќаат фашизоидни идеи и да еднаш застанат на правата страна на историјата, бидејќи веќе 5 ипол години се на другата страна онаму каде што не треба. Доста не раздаваа, доста не продаваа, утре ќе имаат консеквенци и тоа одговорно ви го кажувам. Тоа не е ни ќе ги задржиме фотелјуте, па ќе си отидеме еден ден, ќе си отидат но каде ќе се види.

По одговорот на соговорникот дека избори треба да има во редовен рок, Грчева  реплицираше:

„Мислам дека уште пет дена да останат истиве овие луѓе, ќе направат уште пет бељи. Замислете вие имате Собрание во кое што пратениците не ги добиваат документите по кои што треба да дебатираат, па тоа не се случило никогаш, никогаш се нема случено протоколот да го немаме сеуште. Ова е нетранспарентна власт, ова е власт која преговара преку грбот на народот, а за негови интереси, за негова суштинско опстанување овдека. Мислма дека се погубни, час поскоро тие избори требаше да се случат уште вчера. Мислма дека секој, секој, да викнам пет комшии од маало кај мене подобро ќе преговараат во Софија одошто Бујар Османи и компанијата, тие не само што незнаат, туку мислам дека имаат и доза на малициозност кога преговараат за нашите идентитески прашања“, порача Грчева