Не мислам дека ова влегување на Алијансата има некаква врска со европската иднина, бидејќи да не заборавиме сите албански партии односно 28те пратеници изјавуваа дека се спремни да гласаат за уставните измени. Алијанса воопшто не мораше да влегува во влада за да гласа за уставните измени. Ова е една манипулација, вели Солза Грчева, претседателка на Глас за Македонија во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.
Грчева вели дека не познава ниту една влада во Европа која што не може да одржи седница на собрание само поради тоа што нема доволно пратеници за да создаде кворум, укажувајќи дека треба да се распишат предвремени парламентарни избори.
„Ова е чиста математика за да се одржи власта онака како што е. Во која тоа земја имате месец и пол два собрание кое што не одржува седници само за да не се види дека немаат мнозинство без да се распишат избори. Таква некоја земја јас не познавам посебно во Европа. Кога сте доведени во ситуација да бидете пата-пата со опозицијата, притоа имате катастрофални резултати на секое поле, прво што треба да направите е да се спасите и самите себе од таа беда и да се тргнете некој друг да ја води државата“, смета таа.
Грчева ја искоментира и вчерашната изјава на пратеничката од Алтернатива која практично признала дека Еди Рама и семејството Јашари помогнале во спас на владата на СДСМ со влезот на Алтернатива.
Вчера пратеничката од Алтернатива кажа една политичка бомба. Таа призна дека Еди Рама и семејството Јашари им ја компонирале владата за спас на СДСМ минатиот состав, значи кога Алтернатива влезе во владата, потенцираше таа.
Оваа влада за да остане на власт не бира средства. Прво требаше да си даде оставка кога немаше мнозинство, а потоа после вчерашната изјава на Садики од говорница, рече Грчева.