Човек како Зоран Заев и номенклатурата околу него се фаталоносците кон Европската унија. Тој не може да нѐ однесе во ЕУ, едноставно истргува со сѐ, рече Солза Грчева во текот на гостувањето во емисијата „Што не е јасно?” на Алфа телевизија во средата.
Потсети дека премиерот ги извадил сите адути од џеб и дека го дал дури и она што не му побарано, спремни се уште да дадат и сега после катастрофалниот пораз ги залажувал граѓаните со евроинтеграциите. Исто така, Грчева кажа дека резултатите од локалните избори се тотален пораз на политиките на Заев и СДСМ.
„Го слушам денес кадешто вели дека заслужено добиле жолт картон и мораме веднаш и сега да се променат. Епа сакам на граѓаните денес од ова студио да им упатам една јасна порака на граѓаните: Промена кај овие луѓе нема да има, ако има промена ќе биде уште полошо! Со СДСМ казнети се македонските национални интереси кои се на распордажба, дури и на СДСМ не им е сеедно бидејќи таму има полно деца и внуци на партизани на кои им го избриша АСНОМ од Уставот. Што си мисли, дека на Бугарија ќе ѝ дадеме сѐ и ќе добива поени? Па и кај нив ќе губи поени. Од градежната мафија не се откажуваат, но она што најмногу ме секира е тоа ние се спремаме да станеме нарко земја“, рече Грчева.
Посочи дека и во Мексико владата не ги поддржува нарко–картелите, но тие не можат да бидат ставени под контрола и дека ќе дојде време кога криминалните групации ќе се пресметуваат и убиваат по македонските улици и ги предупреди граѓаните дека ова е последна шанса да се освестат.
„Ние сме имале и лоши политики овде, сме имале и подобри политики но овие луѓе не успеаја добрите политики да ги унапредат туку се урнаа, сосема нова димензија донесоа и ние стануваме нарко земја. Доколку овие луѓе не бидат итно поразени ние ќе имаме убиства на улица’, рече Грчева.