Грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа откако новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова ја даде заклетвата и наместо да го употреби уставното име „Северна Македонија“ го употреби името Македонија.
Револтирана дека новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска за време на заклетвата наместо „Северна“ го употреби името Македонија, грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду денеска ја напишти собраниската ложа веднаш откако Силјановска Давкова се заколна дека ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независност на Македонија.
Филипиду не остана до крај на свечената собраниска седница за да слушне дека Сиљановска Давкова својот говор им го посвети на жените, за кои кажа дека сака да ги инспирира.
Информацијата на социјалните мрежи ја сподели пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски.