Грчката полиција мораше во понеделникот со солзавец да интервенира, за да ги растера мигрантите и бегалците кои протестираат поради условите на мигрантски кампови на грчкиот остров Лезбос и поради бавната обработка на барањата за азил.
Неименуван полицаец изјави дека насилството избувнало во близина на кампусот Кара Тепе, откако неколку стотици луѓе избегале во градот Митилена.
Хуманитарните групи ги опишаа условите во некои кампови на грчкиот остров како застрашувачки. Очевидец изјави за Reuters дека демонстрантите претежно биле жени и деца и дека држеле знаци „за слобода“. Некои мигранти успеаја да го заобиколат полицискиот кордон и да постават шатори.
Лезбос е една од главните влезни точки за мигрантите од Блискиот исток во Европа. Стотици илјади поминаа низ Грција во текот на мигрантската криза во Европа во 2015 и 2016 година. Минатата година во Грција дојдоа повеќе од 74.000 мигранти, од кои 3.500 се деца.