Грчката влада го преживеа гласањето за доверба по снежниот хаос

Грчката конзервативна влада предводена од премиерот Киријакос Мицотакис го преживеа во неделаа гласањето за доверба, свикано поради нејзиното справување со хаосот кој го предизвика снежната бура.

По тридневната расправа, 156 од вкупно 300 пратеници во го поддржаа премиерот Мицотакис, соопшти претседателството на парламентот.

Гласањето за доверба го бараше Алексис Ципрас, лидер на крајно левата коалиција Сириза и поранешен премиер. Дискусиите беа насочени на обилните снежни врнежи кои ја погодија грчката престолнина Атина на 24-ти јануари и следните три дена.

Иако метоеоролозите предупредуваа на силни врнежи владата не успеа да ги заштити граѓаните, тврдеше Ципрас.

Во текот на снежните врнежи во многу места дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија, а илјадници луѓе останаа заробени во нивните автомобили на автопарите и другите главни сообраќајници во регионот.

Премиерот Мицотакис се извини и вети дека во иднина подобро ќе биде организирана службата за цивилна заштита, а во текот на парламентарната расправа го обвини својот претходник на должноста Ципрас за популизам.