Со голем отпор Грција се соочила во рамките на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во однос на Македонија, грчки дипломатски извори откриваат за весникот „Катимерини“.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, истите извори откриваат дека за разлика од прашањата за Србија и за Албанија, Грција не си поминала безболно во рамките на Советот во однос на прашањето за Македонија.
„Неколку колеги, со помош на комесарот Штефан Филе, лобираа за Македонија да ги почне пристапните преговори, што беше избегнато по силното противење на Грција и други земји“, пишува весникот.
Според изворите на Катимерини, грчката страна интервенирала и за промена на текстот на заклучоците за Македонија, што довело до прекин на состанокот. Грците барале во текстот да стои дека Македонија требало да „направи суштински, значителни чекори кон добрососедство“, додека останатите не сакале никави додатоци.
„Конечно се дојде до компромисниот збор видливи, конкретни. Целта треба да биде да се направат конкретни чекори кон доброседство” се вели во текстот на Катимерини.