Грчки воен брод во служба на поморската мисија на Европската унија во Црвеното Море пресретнал две беспилотни летала лансирани од силите на јеменското шиитско твижење Хути во правец на комерцијален брод, соопштија во четвртокот претставници на грчкото Министерство за одбрана.
„Во четвртокот наутро грчката фрегата ‘Hidra’, додека придружуваше трговски брод во Аденскиот залив, собори две беспилотни летала. Едниот дрон е уништен како резултат на тоа, додека другиот одлета“, “, изјави претставникот за Reuters. Друг претставник на одбраната ги потврди деталите за инцидентот.
Грција ја стави на располагање фрегатата на мисијата на ЕУ, наречена „Aspides“, која беше покрената во февруари за да помогне во заштитата на клучниот поморски трговски пат од напади со беспилотни летала и ракетни напади на хутистите поддржани од Иран, кои ги напаѓаат трговските бродови поврзани со Израел, барајќи да запре израелската инвазија на палестинската енклава Појасот Газа.