Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Костас А. Караманлис, попладнево поднесе оставка од функцијата поради железничката несреќа во близина на Лариса, во која загинаа најмалку 36 лица.
-Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично, рече Караманлис во писмената изјава.
Тој објаснува дека кога се случува нешто толку трагично, не е можно да се однесуваат дека не се случило, и додава дека, иако е кусо време во политиката, смета дека „неопходен елемент на демократијата е граѓаните да му веруваат на политичкиот систем“.
-Ова се нарекува политичка одговорност. Поради тоа поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и инфраструктура. Чувствувам должност да го сторам ова како минимален знак на почит кон луѓето кои толку неправедно заминаа и преземајќи ја одговорноста за безвременските грешки на грчкиот државен и политички систем, вели Караманлис.