Грчкиот парламент ги отфрли во понеделникот уставните амандмани кои предвидуваат одвојување на црквата од државата, откако тие добија недоволна поддршка од 83 до 124 пратеници во 300-члениот парламент во Атина.
Како што пренесува порталот iefimerida.gr, биле поднесени четири амандамни кои се однесуваат на односите меѓу влијателната Православна црква на Грција и државата. За два од нив гласале 83, пратеници, еден добил 85 гласа, а за еден гласале 124 пратеници.
Во доминатно православна Грција, црквата не е одвоена од државата, а претседателот на земјата, премиерот и членовите на неговиот кабинет традиционално ја положнуваат свечената обврска пред архиепископот на Атина и цела Грција над Евангелието, давајќи ја заклетвата во името на Светото Тројство.
Претходната влада на коалицијата на радикалната левица СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас, ги предложи измените во односот меѓу грчката држава и црквата. Посебно се инсистираше на измена на членот 3 од делот за односите меѓу државата и црквата со што требапше да се зајакне религиозната неутралноста на државата, истовремено зачувувајќи ја „од историски и практичини признавњето на Православната црква како доминантна религија“.
Во минатиот состав на парлаемнтот во Атина овие амандмани добија просто но не и квалификувано мнозинство за уставно измени со 180 гласа, за што се потребни три петтини од гласовите на 300-те пратеници.
СИРИЗА, која на парламентарните избори во јули беше поразена од конзервативната Нова демократија, не успеа во настојувањата да го промени грчкиот устав во одделот за религијата.
Во понеделникот, парламентот гласаше и за промена во изборите за шеф на државата, односно за остварување на правото на гласа на Грците кои живеат во странство, како и за некои други прописи.