![rakomet-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/rakomet-1.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Селекторот на грчката ракометна репрезентација Георгиос Заравинас одбегна да го изговори официјалното име на земјава „Северна Македонија“ и во изјава за претстојните два пријателски натпревари меѓу двете репрезентации, што треба да се одиграат на 3 и 4 ноември во Солун, тој македонската репрезентација ја нарекуваше „Скопје“.
– Во Солун ја одработуваме првата недела од подготовките за првиот настап на ЕП, фаза е исклучително важна за нас, поради што ќе играме две силни пријателски средби против Скопје. За нас е важно да имаме силни пријателски средби против земји што во последниве години биле постојано присутни во финалните фази од европските и светските шампионати. Ќе испробаме некои работи, ќе консолидираме некои наши посилни особини и ќе се обидеме да вклучиме некои нови имиња поврзувајќи го сениорскиот со младинскиот национален тим – изјави грчкиот селектор Заравинас.
Нема информации за каква било реакција од македонска страна на оваа политичка провокација на грчкиот ракометен селектор.