До 11 часот по локално време денеска работниците на грчките пристаништва нема да работат во знак на протест против планот за приватизација на солунското пристаниште, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Акцијата се спроведува ден пред 24-часовниот штрајк закажан за вторник кога парламентот ќе го разгледува законот за приватизација. Персоналот на грчките пристиништа ќе земат учество и во штрајкот планиран за в среда.