Голем дел од грчките медиуми јавија за убиството на осумнаесетгодишниот Ангел Петковски, нагласувајќи дека е убиен Македонец од страна на млад етнички Албанец.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, „Катимерини“, „Нафтеборики“, „То вима“, „Реал“, „Имерсиа“ и „Та неа“ се дел од грчките медиуми кои што информираа дека во Скопје се случувале „сериозни инциденти“ и дека атмосферата во населбата Ѓорче Петров била „екстремно тензична“.
„Откако ја слушнаа веста за убиството на 18-годишното момче, граѓаните на Ѓорче Петров гневни излегоа на улиците и почнаа да палат и да кршат се што им се најде на патот”, информира „Катимерини“ додавајќи дека овие инциденти според сите показатели добиле и меѓу-етнички карактер.
Весникот „То Вима“ пак коментира дека епизодите од меѓуетнички карактер често се случувале во Македонија и биле карактеристика на „кршливиот баланс меѓу македонското мнозинство и албанското малцинство во земјата“.