Грчките земјоделци соопштија дека од денеска на неколку часа ќе ги блокираат сите гранични премини.
Како што пренесува Катимерини, премиерот Киријакос Мистотакис навестил дека владата може да се раздели со својот досегашен помирувачки тон. Поконкретно и за прв пат, тој испрати остра порака до земјоделците, велејќи дека „никој не може да го уценува општеството, без разлика колку е фер барањето“.
Барањата на фармерите вклучуваат укинување на данокот за земјоделско дизел гориво, пониски трошоци за енергија, субвенционирана храна за добиток, како и 100% надомест на изгубениот добиток и приход од растителни производи. Тие исто така бараат да се ревидира Заедничката земјоделска политика на ЕУ.