Грчките власти побараа од соседна Турција да ѝ помогне на групата од околу 40 мигранти кои се наоѓаат на пограничен остров во реката Еврос, бидејќи таа локација е надвор од грчкиот суверенитет.
Од турските власти беше побарано „веднаш да ги преземат сите неопходни активности“ за мигрантите да бидат брзо отстранети од островот и да им се обезбеди „цела потребна помош“.
Грчкиот совет за бегалци соопшти дека мигрантите, кои наводно биле протерани од едната страна на границата од грчките и од турските власти, изјавиле дека петгодишно девојче починало на островот од убод од скорпија, пренесува Бета-АП.
Илјадници мигранти од Блискиот Исток, Азија и Африка секоја година се обидуваат илегално да преминат во Грција од Турција.