Грција бара помош од ЕУ за гаснење на пожарот кај Атина

Европската унија во понеделникот објави дека четири земји-членки ќе испратат пожарникари во Грција за гаснење на големиот пожар во предградијата на Атина, на барање на грчката влада.

„Механизмот за цивилна заштита на ЕУ беше активиран на барање на грчките власти“, рече портпаролот на ЕУ, Балаш Ујвари во писмена изјава, прецизирајќи дека Италија, Франција, Чешка и Романија ќе испратат пожарникари.

Повеќе од 560 пожарникари поддржани од доброволци, 17 авиони си ткн водени бомби и 15 хеликоптери се борат со огромниот шумски пожар што избувна во неделата околу 15 часот по локално време во близина на Варнавас, 35 километри северно од Атина.
До понеделник претпладнето, пожарот се прошири на југ и гореше на неколку фронтови, вклучувајќи го селото Граматико, древниот град Маратон, приморската општина Неа Макри и планината Пентели северно од Атина.

Силниот ветер постојано го менува правецот на пламенот. Поради тоа, најмалку 11 градови и села беа евакуирани. Најмалку три болници во Пентели се евакуирани.

Противпожарните авиони ја прекинаа работата во текот на ноќта и продолжија во понеделник рамо наутро. Полицијата помогнала во евакуацијата, а дел од жителите ја поминале ноќта во засолништа.

Пожарот, со пламен висок до 25 метри, се прошири „како молња“ поради силните ветрови, изјави во неделата портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракогијанис.

Густите облаци чад го затемнија небото над Атина во неделата вечерта. Неколку часа подоцна пламенот се рагоре во близина на предградието Дионисос на околу 23 километри североисточно од центарот на градот и околните области.

Властите се во состојба на готовност поради шумски пожари најмалку до четврток, а метеоролошките експерти предупредуваат на „многу тешка недела“.

„Половина од Грција ќе биде во минус“, изјави во саботата министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, предупредувајќи на температури од околу 40 Целзиусови степени и силен ветер.