Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас побара во посмо до еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји да се разледа можноста на суспендирање на царинската унија со Турција.
Дендиас во писмото нагласил дека Анкара „продолжува еднострано да ја крши“ заринската унија со усвојување царини, законски и други мерки кои не се предвидени со овој договор, пренесе во вторникот грчката новинска агенција ANA, повикувајќи се на дипломатски извори.
Тензиите меѓу Атина и Анкара ексалираа откако Турција минатата седмица повторно го испрати својот брод за сеизмички подводни истражуваања „Oruc Reis“ во водите крај грчкиот остров Кастелоризо.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, го критикуваа во петокот, по самитот на ЕУ во Брисел, дека одлуката на Анкара да продолжи со истражувањата на наоѓалишта на природен гас во источното Средоземје и потсети дека Европската унија на самитот во септември повторно ќе ја разгледува оваа ситуација и можното воведување санкции.
Грција и Кипар од една страна, и Турција од друга страна, се спорат околку правото на експлоатирање на наоѓалиштата на пророден гас во источен Медитеран. И двете страни велат дека полагаат право врз основа на нивните епоконтинентални територии.