Грција објави дека ја завршила изградбата на уште 40 километри оград на границата со Турција и дека е започнат нов систем за набљудување, во услови на загриженост дека падот на Авганистан во рацете на Талибанците ќе предизвика нов бран мигранти кон Европа.
Ситуацијата во Авганистан, во Европа ги поттикна стравувањата за повторување на мигрантската криза во 2015 година, кога речиси милион луѓе избегаа од Блискиот Исток во Европа, патувајќи низ Турција и Грција.
Авганистанската криза создава можност за мигрантски бран. Не можеме пасивно да чекаме потенцијален удар “, рече грчкиот министер за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис по посетата на северниот пограничен регион Еврос
Хрисохоидис рече дека ново проширување на оградата, на постојните 12,5 километри, е изградено во последните денови, кога беше воспоставен и високотехнолошки систем за автоматско набудување.
Владата најави дека ќе ја продолжи должината на оградата , откако минатата година десетици илјади баратели на азил се обидоа да преминат во Грција од Турција, особено што Анкара објави дека нема да ги спречува мигрантите да ја преминат границата
Грција и Турција, сојузници во НАТО, но и историски ривали, долго дебатираа за низа прашања, од територијални претензии на источниот Медитеран до бродовите со мигранти.
Грција ја заостри мигрантската политика во последните месеци, оградувајќи мигрантски кампови и објави тендери на ЕУ за изградба на два затворени објекти на островите Самос и Лезбос.