Илегалните мигранти коишто на грчка територија стасале по 1-ви март ќе бидат преместени во северниот град Серес, а потоа ќе бидат депортирани во нивните таткови, изјави во четвртокот грчкиот министер за миграции Нотис Митараки.
Повеќе илјади мигранти влегоа во Грција откако Турција на 28-ми февруари објави дека преку своите граници ќе ги пушти стотиците илјади мигранти за да го продолжат својот пат кон западните земјина Европската унија. Анкара се реши на овој потег и покрај обврската од договорот со ЕУ од 2016 година да ги задржува на својата територија.,
„Нашиот план е да ги вратиме во нивните земји“, изјавил министерот Митараки доцна ноќта во средата за новинската агенција Athens New Agency (ANA). Рекол, исто така, дека мигрантите кои влегеле во земајта пред 1-ви јануари 2019 година и се семстени на грчките егејски острови наскоро ќе бидат пренесени во континенталниот дел од земјата.
Грција на 1-ви март, по трупањето на бројот на мигрантите на своите граници, објави дека повеќе нема да ги прима барањата за азил во текот на следните 30 дена.
„Состојбата денеска е мирна. Вчера запревме група од 150 мигранти. Ќе бидеме тука сѐ додека биде потребно“, изјавил во четврокот полициски службеник за Reuters.
Во четвртокот не е регистрирано ниедно допловивање на чамец со мигранти на островот Лезбос на кој веќе се наоѓаат околу 20.000 мигранти сместени во пренатрупаните кампови.
Турција одлучи да ја промени мигрантската политка договорена со ЕУ, откако турската војска претпре големи загуби во жива сила во сириската покраина Идлиб, во која трае офанзивата на силите на владата во Дамаск, со поддршка на Русија. Сирискиот претседател Башар ал-Асад е решителен да ја врати контролата над последното упориште на бунтовниците кои ја имаат поддршката на Анкара, а меѓу кои се и припадниците на џихадистичките групации.
Грција и ЕУ ја обвинуваат Турција дека намерно ги трупа мигрантите на грчката граница, со цел да ги принуди Брисел да ѝ понуди повеќе пари за згрижување на имиргантите. Меѓутоа, Анката, којашто од ЕУ очекува во прв ред поддршка за своите геополитички цели во регионот кои настојува да ги оствари во Сирија.