5.8 C
Skopje
среда, ноември 27, 2024

Грција ќе го продолжи задолжителниот воен рок

Грчкиот министер за одбрана Никос Панагиотопулос соопшти дека задолжителниот воен рок наскоро ќе биде продолжен од 9 на 12 месеци.

Како што рекол, на тој начин значајно ќе бидат зајакнати оружените сили.

Тој тоа го објавил во недела, истакнувајќи дека ќе се зголеми број на професионални офицери и бројот на студенти во воените школи, пренесе „Грик рипортер“.

Панагиотпулос не прецизирал кога тоа би можело да се случи, но се претпоставува дека ќе биде на почетокот на 2021 година.