Грција во наредните месеци ќе пушти во употреба вкупно 4.000 нови камери. Во Атина веќе работат првите камери кои ги препознаваат регистарските таблички на секое возило и ја снимаат брзината на движење. Камерите работат континуирано и се поврзани со Центарот на сообраќајната полиција.
Наскоро ќе се зголемат и казните за прекршоци. Ако дозволената брзина се надмине за 20 километри, досега казната беше 40 евра, а сега ќе биде двојно повеќњ.
За брзо возење на автопати казната веќе изнесува 350 евра!
Грција наскоро ќе воведе ограничување на брзината во градовите до 30 км/ч, по примерот на другите европски земји.