Грција ги отвора продавниците и покрај големиот број починати и заразени

Грција во средата соопшти дека ќе ги отвори поголемиот дел од дуќанитие и ќе ги ублажи рестрикциите кои се однесуваат на активности на отворени простори, и покрај високиот број на заразените и починаите од Covid-19.

Заменикот министер за цивилна заштита Никос Хардалијас изјави дека во понеделник ќе бидат отворени сите малопродажни продавници, освен големите продавници и трговските центри.

Возењет со автомобили ќе биде повторно дозволено на покуси растојанија во текот на викендите, за семекства и групи до три лица, поради вежбање и активности на отворено, додаде Хардањас на прес-конференцијата во средата.

Власта се надева дека „опуштањето“ надвор од домоивите додека времето се разубавува ќе биде полезно за Грците во „здравствена, општествена и економска“ смисла, додаде Храдилијас..

Грција во средата пријави 76 починати од Covid-19 и повеќе од 3.600 новозаразени со коронавирусот во последното деноноќие. Од почетокот на пандемијата заразени се повече од 260.000 лица, а 8.093 починале, а над 700 пациенти е моментално се згрижени на интензивна нега.

Во Грција досега се искористени околу 1,6 милиони дози од вакцината а повеќе од 580.000 луѓе ја примеле и втората доза.

Грција планира оваа година ќе потроши 11,6 милијарди евра за ублажување на последиците пандемијата на стопанството, откако минатата 2020 година веќе потриши 24 милијарди евра.