Грција го избра новиот претседател на парламентот

Со 274 гласови ЗА и 50 воздржани, Никитас Какламанис е избран за нов претседател на грчкиот Парламент.

Тој е пратеник од владеачката Нова Демократија.
Какламанис доаѓа на местото на Константинос Тасулас, кој е во владиниот избор на шеф на државата, Нова Демократија го предложи Какламанис.

Во гласањето во Парламентот, тој беше одбран со поддршка од Нова Демократија, и опозициските СИРИЗА, ПАСОК, Грчко решение, Спартанци и голем дел од независните пратеници.
Воздржани беа пратениците од Комунистичката партија, Нова левица, Курс на слободата, Победа и четворица независни пратеници.