Грција го намали карантинот од 10 на 3 дена за влез во земјата

Грција го намалува карантинот за лицата кои пристигнуваат во земјата од 10 на 3 дена.

Мерката ќе остане на сила до 7 јануари.

Се’ уште важи обврската за приложување негативен PCR-тест извршен до 72 часа пред патувањето, како и негативен брз тест при влегувањето во земјата.

Мерките не се однесуваат на возачите на камиони.