
Грција во петокот објави јавно наддавање за продажба на најголемото бродоградилиште „Hellenic Shipyards“, кое е под посебна управа, соопшти министерството за финансии
Конзервативната влада на Неа демократија вети реконструирање на воеанта индустрија која во моментов создава големи загуби и пралелно да ги јакне одбранбените способности на земјата во периодот кога зајакнаа тензиите во односите со Турција поради енергетските ресурси во источен Медитеран.
Владата извести дека нејзините планови вклучуваат ремонт на воениот дел на бродоградилиштето „Hellenic Shipyards“, во местото Скарамангас недалеку од Атина.
Министерството за финансии наведува дека интерес за бродоградилиштетот пројавиле со заедничко писмо на намери американската Меѓународна финансиска корпорација за развој и една грчка компанија.