Грција го укина Центарот за македонски јазик во Лерин, регистриран пред две години

Грција сепак го укина Центарот за македонски јазик во Лерин. 

Центарот за македонски јазик во Грција, кој беше регистриран пред две години, се укинува, пишуваат грчките медиуми. Toa е епилогот по тужбите и приговорите кои беа поднесени веднаш откако здружението беше регистрирано од Основниот суд во Лерин. Одлуката за укинување на Центарот, според demokratia.gr, ја донел Апелацискиот суд на Западна Македонија (дел од областа Македонија во северна Грција), односно Апелацискиот суд во Кожани, Грција, кој реши да ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата е изречена на 13 август.

Претходно судот во Лерин (март 2023) ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација. Ова тогаш се протолкува како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор, а eкс премиерот  Зоран Заев рече дека ова се „плодовите на Договорот од Преспа“.