Грчката управа за цивилно воздухопловство објави во понеделникот дека го укинува задолжителниот карантин од седум дена за граѓаните на Европската унија и уште пет земји.
Карантинот покрај за граѓаните на Европската унија и Обединетото Кралство, САД, Израел, Србија и Обединетите Арапски Емирати.
Одлуката се однесува на патниците кои примиле две дози од вакцината против Covid-19 и оние кои се негативен тест на вирусот стар 72 часа, се наведува во соопштението.
Оваа одлука на сила за патниците од Израел е уште од март.
Грчката влада се залага за „ковид-пасоши“ на ниво на ЕУ за да го отвори својот туристички сектор, индустрија којашто вообичаено сочинува петтина од грчката економија, но е тешко погодена од пандемијата на коронавирусот.
Според најавите, владата во Атина има намера да ја отвори земјата за туристите од 14-ти мај, а повечето хотели во земјата сѐ уште се затворени.